Холандија пак со блокади – барови, ресторани, продавници ќе работат до 19 часот

Од утре Холандија повторно воведува блокада поради зголеменото ширење на коронавирусот, јавуваат тамошните медиуми.

Информациите се дека баровите, рестораните и продавниците ќе работат до 19 часот и тоа во следните 20-тина дена.

Спортските настани ќе се одржуваат без публика, а засега нема да има рестрикции во училиштата, театрите и кината.

Холандија рестриктивните мерки ги укина на крајот на септември, но вчера беа регистрирани околу 16.000 новозаболени.