Deep Purple во мај со концерт во Скопје!
Еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња – Deep Purple ќе одржи голем концерт на 28. мај годинава на стадионот на АРМ во Скопје.
Долгогодишна петорка: Ian Gillan, Ian Paice, Roger Glover, Steve Morse и Don Airey создаде четири студиски албуми во последните десет години, а непрекинато одржува турнеи низ сите континенти.
Македонската и регионалната публика ќе може во живо да ги слушнат класиците: „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Woman from Tokyo“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ и уште многу други хитови.