Минатата недела речиси 30% помалку заболени и починати од ковид-19

Минатата недела, од 14 до 20 февруари регистрирани сe 6.119 нови позитивни ковид случаи, што е за 29,2 отсто помалку во однос на претходната недела.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје,тестирани се вкупно 23.396 материјали во лабораториите. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино.

Најзастапена е возрасната група над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 8.797 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 863 реинфекции.

Пријавени се 106 смртни случаи во 23 градови, за 27,9% помалку во однос на претходните седум дена. Најголем дел од нив се од Скопје (41).

Заклучно со 20.02.2022, во земјава вакцинирани се вкупно 869.763 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19.