Државната изборна комисија информира дека од обработени 99,6 отсто од податоците на вчерашното гласање за парламентарните избори во Македонија коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – Твоја Македонија освои 58 пратенички места, коалицијата на СДСМ 18, ДУИ 19, коалицијата Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6 мандати.