Порно актерката Сторми Даниелс денеска сведочеше на судењето на Доналд Трамп, а во таа прилика изјави дека поранешниот американски претседател ја сретнал во пижами во нејзината хотелска соба во 2006 година, каде на негово барање му удрила шлаканица по задникот.
Како што пренесува Ројтерс, Даниелс изјавила дека Трамп ја предизвикал да му удри шлаканица по задникот и дека таа го сторила тоа.
Таа, исто така, рече дека го запознала Трамп на голф турнир во езерото Тахо, каде што поранешниот американски претседател беше конкурент. Според неа, Трамп ја забележал кога еден од соработниците спомнал дека Даниелс режира филмови.
Даниелс изјави пред поротата дека подоцна истиот ден и пришол телохранителот на Трамп и рекол дека Трамп сака да му се придружи на вечера, но дека таа на почетокот не се согласувала.
Меѓутоа, таа се предомислила откако публицист ја убедил дека вечерата може да се претвори во одлична приказна.
Кога Даниелс пристигнала во апартманот на Трамп, поранешниот американски претседател ја пречекал во сатенски пижами, на што таа одговорила, барајќи од него да се пресоблече. Трамп љубезно се согласил.
Да потсетиме дека Доналд Трамп е обвинет за фалсификување деловни документи кога на порно актерката Сторми Даниелс преку својата адвокатка и платил 130.000 долари за таа да не зборува јавно за нивната наводна афера.
Обвинението беше поднесено во март 2023 година, а судењето беше закажано за 25 март годинава, но постојано беше одложувано бидејќи тимот на Трамп побара повеќе време за собирање дополнителна документација.
За Трамп да биде прогласен за виновен, обвинителството мора да докаже дека не само што фалсификувал деловни документи, што би било прекршок, туку дека сакал да прикрие уште едно прекршување на законот, што е кривично дело.