
Уште една холивудска ѕвезда „влезе“ во Премиер лигата
Комичарот Вил Ферел се заљубил во англискиот фудбал, а кога богатите луѓе така се заљубуваат, можат – соодветно да реагираат.
Така направи и Ферел, кој купи голем број акции во Лидс Јунајтед.
Ѕвездата на познатиот филм Елф од 2003 година, Ферел е голем љубител на фудбалот и веќе е еден од косопствениците на МЛС тимот Лос Анџелес ФК.
Лидс оваа сезона брка враќање во Премиер лигата, а анонимен извор за британските медиуми ја потврди точноста на информацијата дека Ферел купил акции.
„Тој го сака фудбалот и е особено импресиониран од страста во англискиот фудбал“, се вели во него.
Мајкл Б. Џордан, уште еден холивудски актер, стана дел од сопственикот на Борнемут во 2022 година, а Рајан Рејнолдс е еден од косопствениците на Рексам.