МВР информира дека вчера попладне во 17:40 часот полициски службеници од ОВР Виница, во Виничко го лишиле од слобода С.Ѓ.(37), постапувајќи по претходна пријава според која физички ја нападнал неговата сопруга.
Приведена била и С.Ѓ.(25), затоа што со остар предмет упатила закани кон нејзиниот сопруг.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.