Се зголемува бројот на жртви во поплавите во Бразил

Најмалку 56 лица го загубија животот во поплавите во бразилската држава Рио Гранде до Сул, по обилните дождови кои го зафатија тој дел од Бразил оваа недела, додека 67 лица се водат како исчезнати, соопшти денеска локалната влада.

Според податоците на Цивилната заштита, 281 општина биле погодени од поплави, како што наведува бразилскиот портал Сампи, од историски размери.

Без покрив над главата останале 8.296 лица, а раселени се 24.666 лица.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва ја опиша катастрофата како една од најлошите поплави во историјата на земјата.

– Никогаш во историјата на Бразил немало толку многу дожд на едно место, рече тој на прес-конференција со јапонскиот премиер Фумио Кишида во главниот град Бразилија.

Досега се спасени повеќе од 8.000 луѓе.