Лидерот на партијата „Левица“ Димитар Апасиев денеска во Крушево изјави дека претстојните избори се клучни за државата и дека граѓаните треба да го дадат гласот за промакедонската платформа.
– На граѓаните би им порачал на овие избори да не си го фрлаат гласот за тиранска и софиска платформа, туку да гласаат за единствената промакедонска платформа, а тоа е платформата на Левица. Ние со двајца пратеници успеавме да спречиме многу штетни политики и мислам дека имаме лице да бараме повторно од граѓаните, и тоа двоцифрен број пратеници. Сметаме дека со тоа ќе спречиме уште штетни политики, рече Апасиев.
Носителката на листата за пратеници во Петтата изборна единица Јована Мојсоска посочи дека нивната програма, за разлика од другите партии, има екстензивна платформа за работничките права. На изборите на 8 мај, Мојсовска, очекува голема излезност на граѓаните.
– На овие избори настапуваме со мерки за зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци, а Левица е единствена партија која предвидува т.н. татково отсуство. Предвидуваме и редефинирање на дејностите кои се трудово – интензивни со бенефициран стаж како на пример градежните работници, предвидуваме утврдување на минималната плата на две третини од синдикалната кошничка, истакна Мојсоска.
Мојсовска упати апел до пратеницте да се откажат од патните трошоци и да се солидаризираат со обичниот народ.
– Левица е единствена партија која се залага за укинување на патните трошоци, за укинување на привилегиите на функционерите. Нашите пратеници во изминатиот мандат имаа 0 денари патни трошоци, така ќе биде и во наредниот мандат. Упатувам апел до сите пратеници – во услови кога во Македонија во која речиси 500 000 жители живеат на работ на сиромаштијата, ги повикувам пратениците да се откажат од своите патни трошоци, рече Мојсоска.