„Голема благодарност до граѓаните, достоинствено се однесуваа на изборите во средата, фер, демократски. За мене беше очекувана разликата меѓу Силјановска Давкова и Пендаровски. Мислам дека СДСM презема некои работи на интензитет“ – вели Александар Новаковски – поранешен претседател на ДИК во најновото издание на „Трилинг“.
Новаковски порача дека не требало да продолжи кампањата за парламентарните избори додека беше молк за претседателските избори. „Кандидатите се од политички партии. Во вторникот цел ден имаше реклами, бев сериозно изненаден. Очекував поголема зрелост. На крај излегува дека се договорени затоа што нема никакви реакции од никого. Мора да се промени, вака не може да биде. Молкот мора да остане“.
„Извештајот на Стејт департментот покажа дека довербата во судството е многу ниска, и тоа е факт, од тоа нема бегање. Ништо не се презеде. Неколку месеци пред избори носите измени на Изборен законик за дела кои требаше да се донесат уште во 2008. Се доби перцепција дека е за одредени лица да ја искористат таа законска измена. Дали на владејачката структура и требаше вакво нешто пред избори? Не и требаше. Владејачката гарнитура даде пенали да шутира опозицијата, а опозицијата искористи максимално“ смета Новаковски.
Новаковски истакна дека „ДУИ на СДСМ драстично и го опаѓаше рејтингот. По гласовите се гледа дека луѓе од СДСM не гласале, тоа е огромна бројка. Митингот завршен на ДУИ, тоа што се случуваше и пораките за лидерот на опозицијата, тоа одеше на конто на СДСM, да загуби гласови, затоа што ВМРО вели дека нема да прави коалиција со ДУИ.
„Таравари мислам дека изјави дека може да се даде условно поддршката на таа партија која во 6 месеци ќе ги изгласа уставните измени“ потенцира Новаковски.
За парламентарните избори тој вели „На прв круг претседателски избори никогаш немало тензии. Сега има подобрување во многу сегменти. ДИК добро ги менаџира работите. Се надевам дека и на 8 мај ќе биде мирно, двајцата кандидати се со голема разлика. Албанските гласачи ќе гласаат за парламентарните избори, дали ќе гласа и за претседателски – оставено е на граѓаните. Никој не може однапред да знае“.
На прашање дали е можен бојкот на вториот круг за претседателските избори, вели:
„Може да се случи ако не гласаат масовно, до 15-16 часот да нема излезност, ќе се покаже тоа. Може од изборните штабови да се добијат инструкции, и потоа да излезат масовно. Тоа значи дека паднал некој пазар“.