(Видео) Камиловска Трповска: Прашањата поврзани со корупцијата влијаат за идни резултати на изборите

„Извештајот од Стејт департментот покажа дека проблеми со корупцијата постојат и системски решенија се потребни. Доколку се видат забелешките, се нотира репресивен дел, за потребната реформа во правосудниот систем, да имаме казнивост на корупцијата во државата, а од друга страна да се направи систем, за превенција од корупција. Самиот извештај точно ги опфаќа клучните елементи и ги нотира клучните неправилности“ – вели Снежана Камиловска Трповска од МЦМС во најновото издание на Трилинг.

Таа вели дека „Години наназад се залагаме за реформа во правосудството, реална политичка волја за борба против корупцијата недостасува во државата. Апелираме за целосна имплементација на веќе постоечкото законодавство. Во делот на борбата против корупцијата, Македонија има соодветна правна рамка. Махери сме како држава да ги најдеме дупките во законот“.

„Извештајот констатира дека измените на КЗ неславно се донесоа. Надвор од извештајот на СД, од ЕУ се нотираше дека има несоодветно користење на европското знаменце во процес на носее на Кривичниот законик“ вели Камиловска Трповска.

На прашање до каде стигнуваат „пипците“ на корупцијата во земјава, ќе рече „Длабоко навлезена е во нашето општество, тоа според граѓаните е општествен проблем број 1“.

За ветингот во судството, смета дека „е процес кој во широка консултација треба да е прифатен од сите политички чинители. Очигледно е дека политиката е длабоко навлезена во правосудните органи, за понатаму да зборуваме за професионализам“.

„Во време на молк излезе извештајот на СД. Прашањата поврзани со корупцијата влијаат за идни резултати на изборите“ смета Камиловска Трповска.