„Во одредени општини, еве Боговиње има 31% излезност, што е далеку помалку, најверојатно поради начинот на водење на кампањата од албанскиот блок или одрдена група на жители не сакаат таков вид кампања. Желино има 28%, Кичево 37%, Липково 35 %. Ќе треба да се направи анализа, зошто е ова вака. Овие избори ќе направат разлика и за вториот круг и за сите наредни избори за начинот каква треба да биде понудата, тоа како треба да биде вокабуларот кои се користат во кампања,“ рече Фатмир Битиќи,потпретседател на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2, на ТВ 24.
Тој посочи дека ова е прво полувреме од изборите на 8 Мај, ќе има втор круг, во кој што пресуден ќе биде, бидејќи двајца кандидати ќе бидат, пресуден ќе биде коалицискиот капацитет и кој со кого ќе коалицира и без разлика на резултатитенема да биде доволно, и има време до парламентарните и треба да се анализираат одредени бројки.
„Овие избори кажуваат дека граѓаните не се инструирани од било која политичка партија и гласаат по сопствено убедување, во минатото покажало дека гласовите кои можат да завршат кај Пендаровски имаат поголема различност од гласовите кои завршуваат кај Силјановска,“ рече Битиќи.