Макрадули: На овие избори не се водеше борба за претседател, туку за парламентарните избори

„За жал на овие избори не се водеше борба за претседател, туку за парламентарните избори. Верувам дека граѓаните ќе го препознаат изборот за европскиот концепт“ рече Јани Макрадули од СДСМ во Телма.

Тој додаде дека му пречи флоскулата „ние не ги поседуваме гласовите“ како оправдување за некои од кандидатите кои не влегле во вториот круг да поддржат претседателски кандидат во вториот круг.

„Во нормални демократски држави некој кога ќе ги изгуби изборите вели во вториот круг го поддржувам тој и тој“ рече Макрадули.

Тој додаде дека се уште во кампањата не слушнал од ВМРО-ДПМНЕ план за како да се исполни траекторијата кон ЕУ, бидејќи таа може да трае и 15 години, но и три месеци, а од нас зависи кој пат и траекторија ќе го избереме.