Убеден сум дека на изборите на 8 мај ќе имаме голема победа, победа која ќе најави друга победа, а тоа е победата тука во Валандово на локалните во 2025 година. Сите да се обединиме околу промените што следат и да ја направиме Македонија горда и Македонија твоја, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Валандово.
Мицкоски упати како што рече неколку пораки важни за иднината на граѓаните и за државата.
„Овие на 8 мај не се избори во кои имаме трета, четврта, петта опција, тоа се избори помеѓу актуелната влада на неколкумина од ДУИ поддржани од измеќарите од СДСМ. Денес СДСМ се претворија во измеќари и општински организации на ДУИ предводена од Ахмети, Груби, Османи, Џафери“, кажа Мицкоски.
Мицкоски укажа дека втората опција е ВМРО-ДПМНЕ и народот.
„Ние од ВМРО-ДПМНЕ и народот, заедно со народот, не велам дека секогаш сме биле идеални, но никогаш не направиле стратешки грешки како што правеше било која влада на СДСМ“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски упати порака и до членовите на СДСМ.
„Вие не сте тие кои верувате во она во што се претвори СДСМ, вие не верувате во нивниот измеќарлук. Убеден сум дека не верувате во перформансите на Ковачевски, затоа ве повикуваме ние од ВМРО-ДПМНЕ на национално обединување. Заокружете го број 2, за национално единство да извојуваме победа. Потоа може да продолжиме со нашите програмски разлики. Но, сега ова национално обединување е императив“, порача Мицкоски.