Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на дуел на Канал 5 со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не поднеле 28.000 потписи за претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова и тоа е факт.
Тој изрази сомнеж дали навистина собрале толку потписи, дали биле фалсификувани.
„Ние не бираме претседател на Академија на науки, ние не бираме најинспиративен професор, ние бираме човек со лидерски капацитет, со одлучност, да ја однесе државата таму каде што народот сака, во ЕУ“, рече Ковачевски.
Ковачевски уверува дека овие избори се избор помеѓу надеж и изолација од другата страна. Вели дека Силјановска Давкова е продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ.