Русија побара од Украина да ги екстрадира инволвираните во терористичкиот напад во Москва

Русија побара од Украина да ги уапси и екстрадира сите инволвирани во терористичкиот напад на „Крокус сити хол“ во Москва на 22 март, како и во другите терористички напади во Русија, вклучително и шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) Василиј Маљук, соопшти денеска Руското Министерство за надворешни работи…

Во соопштението се наведува дека Русија ја повикува Украина „да престане со секаква поддршка за тероризмот и да ги обештети жртвите од терористичкиот напад во Москва“, пренесе РИА Новости.

Нагласено е дека прекршувањето на обврските на Украина од меѓународните конвенции против тероризмот ќе повлекува нејзина меѓународна правна одговорност.