Њујорк пост: ИСИС-К може да изврши напад во САД сличен на оној во Москва

Припадниците на огранокот на Исламската држава ИСИС-К би можеле да ја преминат границата со САД и да извршат напад сличен на оној извршен во „Крокус сити хол“ во Москва на 22 март, кога беа убиени 143 лица, предупреди неименуван американски федерален функционер за „Њујорк пост“.

Официјалниот претставник рече дека огранокот на ИСИС-К станува се похрабар и неговите членови може да се обидат да го искористат „хаосот“ на границата меѓу САД и Мексико за да бараат цел во САД“.

„Напад на американско тло е дефинитивно можност“, рече изворот.