Здружението на родители упати забелешки околу законот кој се однесува на родителство по развод.
Тие денеска излегоа на мирен протест со цел да побарат итна промена на законот. Според нив децата во Македонија биле жртва на систем кој не водел гружа за семејни вредности, бидејќи по развод, дури и ако се договорат родителите за заедничко старателство, законот тоа не го предвидувал.
„Ние сакаме да го спречиме овој тренд, детето да не го губи сопствениот родител без потреба. Ако има добра причина едниот родител да не го гледа детето, тоа да го прави судот, а не центарот за социјални работи како што е сега. Јас можам да дадам изјава против жената и центарот постапува само по таа изјава.“ – порача претседателот на здружението „Наши“, Сашо Панговски.
Според нив, недостатоците на законот можеле да доведат до одземање на старателството поради лажни изјави.
„Децата се одземени од едниот родител, додека еден од нив не ги добие согласно решение издадено од центарот за социјално, само тој родител има право на тоа дете и решението кое што го издава, ги доверува децата само на еден родител, а не на двајцата“ – истакна родителката Ивана Коцева.
Борците за еднакви родителски права велат дека група професори веќе имаат подготвено нов предлог закон, но се уште е далеку од собраниска процедура.
Од протестот порачаа и дека се неопходни проверки и судски утврдувања на одговорноста за лажни изјави. Па порачуваат дека така ќе има вистинска правда, но и повеќе среќни деца во Македонија.