Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, разреши неколку негови блиски соработници – Серхи Шефир од позицијата прв помошник на шефот на државата и тројца советници – Олех Устенко, Серхиј Трофимов и Михаило Радутски, објавија денеска украинските медиуми.
Наредбите за разрешување се објавени на официјалната веб-страница на претседателот на државата, пишува порталот Укринформ.
Шефир беше назначен за прв помошник на шефот на државата на 21 мај 2019 година.
Олех Устенко беше советник на шефот на државата од 28 мај 2019 година, а Михаил Радучки од 30 јули 2019 година.
Серхи Трофимов беше назначен за советник на Зеленски на 4 ноември 2020 година, откако истиот ден беше разрешен од функцијата прв заменик началник на кабинетот на претседателот, пишува Укринформ.