ОЛАФ бара Македонија да врати 2,2 милиони евра

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година.

Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, на 30 ноември 2023 година испратил известување до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за поврат на средствата, а во текот на март одлуката станала конечна.

„Во март Националната агенцијата доби известување за конечноста на одлуката за поврат на средства од имот за борба против измами, согласно извештајот на ОЛАФ… Откако сме информирани за случајот, заедно со Владата се обидуваме, преку интензивна комуникација и во координација со релевантни европски институции, да се најде најсоодветно решение како да се реализира овој поврат и како да не се повторуваат вакви случаи во иднина“, изјави денеска директорот на Националната агенција Марко Ѓоргиевски.