Додик: Велат дека ќе пукаат во мене ако пружам отпор

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик зборуваше на денешната 11-та посебна седница на НСРС што се одржува во Бања Лука. Додик, меѓу другото, рече дека добил информација дека „ако обезбедувањето пружи отпор, ќе пукаат во него“.

„Ми се закануваат дека ќе ме уапсат. Пред еден час добив информација дека рекле дека доколку моето обезбедување пружи отпор, ќе пукаат во мене. Им велам дека ќе пружиме отпор. Зошто да бидам уапсен?“, рече Додик при своето обраќање, пренесува Н1 Сараево.

Додик потоа влезе во мала вербална пресметка со некои од претставниците:

„Колку грдо се смееш! Веројатно сум ти и јас грд и гаден и ништо за тебе, но ти си брату… Еј, само останете сериозни за да можам да го доведам ова до крај“, рече Додик.