За еден ден може да се добие термин за фотографирање за вадење на пасош по итна постапка.
Ова го објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат. Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден. Продолжуваме понатаму!“, објави тој.
Претходно, беше реорганизирана работата и по пунктовите.
Беа донесени повеќе пултови за фотографирање, а термините на лица кои веќе извадиле документи, а не откажале закажан термин – беа дадени на други граѓани.