Мадона ќе одржи концерт на Копакабана во Рио де Жанеиро
Мадона ќе одржи концерт на песочната плажа Копакабанa во Рио де Жанеиро, потврдија организаторите.
„Бразил, доаѓам наскоро“, рече хит-пејачката на „Material Girl“ и „Vogue“ во видеото претходно оваа недела.
Локалната хотелска индустрија ја поздрави најавата.
„Новогодишната ноќ пристигна порано“, изјави во интервјуто шефот на синдикатот на хотели во Рио, Алфредо Лопес, објаснувајќи дека исполнетоста на хотелите во делови од градот со најголем број туристи може да достигне 100 отсто пред концертот.
Колумнистот Лауро Жардим од весникот „О Глобо“ овој месец изјави дека концертот е закажан за 4 мај, датум што сè уште не е потврден од властите или 65-годишната пејачка.
Минатите бесплатни концерти на Копакабана, кои привлекоа милиони обожаватели, ги вклучија Ролинг Стоунс, Род Стјуарт и Лени Кравиц.
Мадона ја започна својата турнеја „Celebration“ минатиот октомври.