Пленковиќ за Милановиќ: Сигурно нема да биде иден претседател на Владата
Премиерот на Хрватска – Андреј Пленковиќ изјави во Загреб дека претседателот – Зоран Милановиќ нема да биде идниот премиер.
„Што се однесува до оние кои се задолжени за спроведување на изборите, државната изборна комисија и Уставниот суд, очекувам да се огласат. Иден претседател на владата сигурно нема да биде тој, ние ќе го предложиме идниот мандатар, а тоа, според атмосферата која ја гледам во Хрватска, би требало да бидам јас“, кажа Пленковиќ.
На прашањето за коментар на изјавата на Милановиќ дека и екс претседателката на Хрватска – Колинда Грабар Китаровиќ била дел од кампањата на митинзите организирани од ХДЗ, Пленковиќ кажа дека мисли дека тоа не е точно.
Милановиќ, и покрај одлуката на Уставниот суд дека не може да биде кандидат на парламентарните избори додека е претседател, не ја отфрла таа можност.