БиХ се надева на отворање на преговорите со ЕУ, се чека одлуката на Брисел

Во Брисел денеска почнува дводневниот состанок на Европскиот совет, а судејќи според најавите на европските претставници, ќе биде одобрен почеток на преговорите на БиХ со Европската унија.

Но, тоа не значи дека преговорите ќе почнат, бидејќи, како што пишува Политико, за почеток на преговорите ќе биде потребно да се спроведат сите 14 приоритети кои претходно беа поставени пред Босна и Херцеговина.

Меѓу земјите кои најмногу го условуваат датумот за почеток на преговорите со БиХ е Холандија, која непосредно пред седницата донесе одлука како точно ќе го поддржи отворањето на преговорите со БиХ, но дека точниот датум на отворање на преговорите допрва треба да се знае откако официјалните претставници на БиХ ги завршија дополнителните реформи.

Елемедин Конаковиќ, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, пред почетокот на дводневниот самит изјави дека е умерен оптимист и дека не треба да се плаши од, како што некои го нарекуваат „дополнителни услови“.

Состанокот на Европскиот совет треба да започне денеска околу пладне, но се уште не се знае дали денеска официјално ќе биде објавена одлуката за БиХ и нејзиниот преговарачки статус.