Отстранети се знамињата на Албанија и ОНА од црквата и манастирскиот двор кои вчера попладне биле поставени на црквата Свети Атанасиј и Калето во Тетово.
Од СВР Тетово утрово потврдуваат дека се преземаат мерки за расчистување на инцидентот и по сторителите се уште се трага.
Во меѓувреме знамињата се отстранети.
„Вчера попладне во 17 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата “Свети Атанасиј” во истоимениот манастирски комплекс на тетовското Кале поставиле национално знаме на Република Албанија, а на метален столб на влезот во Калето било истакнато знаме со натпис УЧК.Веднаш по пријавувањето, на местото е испратена екипа од СВР Тетово. Извршен е комплетен увид и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот“ – информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Вакви дејанија во манастирскиот комплекс на тетовското кале има речиси секоја година после 14 март, кога челници на ДУИ го одбележуваат почетокот на воените дејствија во Тетово во 2001 година.
Чествувањето се одбележува во комлексот посветен на бригадата на „Мујдин Алиу“ лоциран во тетовското село Селце.