Сабаленка по смртта на нејзиното момче: Срцето ми е скршено!

Тенисерката Арина Сабаленка од Белорусија објави порака на социјалните мрежи по смртта на нејзиното момче, Константин Колцов во Мајами.

Сабаленка реши да се натпреварува на мастерсот во Мајами, иако се очекуваше нејзино повлекување од турнирот.

„Смртта на Константин е огромна трагедија, и покрај тоа што не сме заедно, срцето ми е скршено. Ве молам да ја почитувате мојата приватност и приватноста на моето семејство во овие тешки времиња“ – објави Сабаленка.

Белорусинката во второто коло на турнирот во Мајами утре со почеток од 16 часот по средноевропско време ќе се соочи со нејзината пријателка Паула Бадоса.