Ковачевски: Без СДСМ не постои процес за европска интеграција во нашата држава

„Oна што политичките партии, но и другите политички партии дел од Владата која јас ја предводев ги обедини е идејата за европска Македонија. Доколку погледнете најголемите одлуки кои се однесуваат на евроинтеграциите, на интеграцијата во НАТО, на почнување и завршување на процесот на скрининг, беа направени токму во време на мандатот во Влада предводена од СДСМ. Зошто потенцирам СДСМ? Бидејќи без СДСМ не постои процес за европска интеграција во нашата држава, изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју на Алсат..

„Тргнувајќи од тој факт во минатото би кажал, не толку во последните месеци се разговараше за една идеја како би изгледала една коалиција којашто би настапиле сите политички партии кои имаат јасна визија и јасна стратешка цел за интеграција на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година. Со оглед на тоа што ние пред нас имаме одлуки кои што треба да ги донесеме, тука пред се мислам на уставните измени кои се носат 2/3 и други закони кои произлегуваат од преговарачкиот процес за кој исто треба 2/3. Но, минатата година во јуни некаде беше јасно дека таква коалиција нема да се случи, ова досега го немам кажано, со оглед на тоа дека 1 од коалиционите партнери во Владата, АА и нивниот претседател Арбен Таравари, тој беше јасно одлучен да настапи заедно со албанската опозиција. Тоа верувам дека го стави ДУИ како политичка партија во една подруга положба со оглед на тоа дека тие мораа да излезат со свој кандидат на претседателските избори, за да можат да се борат за своите гласови. Со оглед на тоа дека ние ваква слична ситуација имавме пред 5 години но тогаш кандидат на албанската опозиција беше еден успешен професор, дипломат, но сепак не беше политички профилиран. Ние во моментов имаме претседателски кандидат на албанската опозиција кој 2 пати сам успеал да го победи ДУИ во Гостивар и од таа причина веројатно тие разговори не беа ни водени. Јас гледам има различни шпекулации“, истакна тој

Тој додаде дека политичката динамика во Македонија налага да секој ги презентира програмите во електоратот кој е традиционален електорат во политичките партии и додаде дека на крајот на денот кога ќе излезат политичките програми ќе има 2 блока. Едниот ќе се залага за интеграција во ЕУ до 2030 година, и втор блок на политички партии предводен од ВМРО – ДПМНЕ којшто ќе се залага за некакво алтернативно сценарио, за кое не постои ниту план, ниту објаснување и тоа на сите веќе ни е јасно и на граѓаните.

„Тоа ќе бидат избори на кои СДСМ и нашата коалиција, ние имаме коалициони партнери кои се традиционални, кои застапуваат европски вредности и политички партии кои се членки на европските организации, на прогресивни, на либерални партии, на зелени партии итн. Кои ќе понудат надеж на граѓаните, а од друга страна ќе имаме безнадежност“, заклучи Ковачевски.