Организаторите на Олимписките игри во Париз на учесниците ќе им поделат 300.000 кондоми

Организаторите на Олимписките игри во Париз одлучија да ја прекинат забраната за интимни односи меѓу спортистите воведена на Олимпијадата во Токио во 2021 година за време на пандемијата на Ковид-19 и додадоа дека планираат да стават на располагање 300.000 кондоми за жителите на Олимпиското село.

„Со толку многу кондоми, секој жител на Олимпиското село ќе го има она што го очекува и што му треба“, вели Лоран Мишо, директор на Олимпиското и параолимпиското село во интервју за „Скај њуз“.

Според него, целта на организаторите е да направат повеќе од 14.000 спортисти, персонал и новинари „да се чувствуваат ентузијастички и удобно“ за време на Олимписките игри.