Кејт и Вилијам – најдоверливите членови на кралското семејство

Кејт и Вилијам остануваат членови на кралското семејство со најголема доверба и покрај низата теории на заговор за здравјето на принцезата, покажува најновата анкета објавена денеска.

Еден од 10 Британци изјавиле дека помалку и веруваат на принцезата од Велс во последните неколку недели, исто толку повеќе и веруваат, додека 68 отсто велат дека нивното мислење не е променето, објави „Дејли Мејл“.

На прашањето за довербата во кралот Чарлс, кој моментално се лекува од рак, – 11 проценти велат дека му веруваат повеќе, пет проценти помалку, додека мнозинството – 72 проценти велат дека нивното мислење не е променето, според анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење „ЈуГов“, која ја спроведе за Sky News.