
Украинскиот министер за надворешни работи. Дмитро Кулеба денеска изјави дека Киев очекува „силен и далекусежен чекор“ кон членството во НАТО на самитот на Алијансата во јули во Вашингтон.
„Работиме напорно за да направиме силен и далекусежен чекор кон членството на Украина во НАТО на самитот во Вашингтон“, рече Кулеба на онлајн прес-конференција, пренесува Ројтерс.
Тој изјави дека има „многу активен ангажман со сојузниците во НАТО“, без да даде дополнителни детали, пренесува Ројтерс.