
Арина Сабаленка својата победа на овогодинешниот Австралија опен му ја посвети на својот починат татко, но само два месеци потоа, се случи уште една голема трагедија во нејзиниот живот.
Константин Колцов, момчето на Арина Сабаленка, ненадејно почина, а таа вест го потресе целиот тениски свет, бидејќи многумина знаат низ што помина Белорусинката.
Колцов почина на 42-годишна возраст и беше долгогодишен партнер на Сабаленка, втората тенисерка во светот.
Девојчето од Белорусија на рана возраст го загуби и својот татко Сергеј Сабаленка, кој беше поранешен белоруски голман во хокеј.
Како шестгодишно девојче ја однел на тениско игралиште да игра меч, Арина сакала тенис и од тој ден почнала да тренира.
„Пред четири години го загубив татко ми, имавме сон дека пред да наполнам 25 години ќе освојам неколку Грен слемови. Кога почина, почнав премногу да размислувам за тоа, имам 24 години и немам Грен слем. Се чувствувам како да си притискав и премногу размислував за тоа. Чувствував дека морам да се справам со сето тоа. Не се откажав поради мојот и сонот на татко ми, тој не го дозволуваше тоа. Сигурно ќе ми кажеше „Дали се шегуваш? Ќе бидеш силна, како што те одгледав, како шампион. Потоа се скршив и реков дека морам да продолжам понатаму“, изјави неодамна Арина во документарецот на Нетфликс.
Само после тоа, Сабаленка двапати го освои Австралија Опен и го исполни ветувањето што му го даде на својот татко. Меѓутоа, сега и таа е без љубовта на својот живот.
Белорусинката и Колцов за првпат биле поврзани во јуни 2021 година, како што наведува магазинот People, а Сабаленка не ретко објавувала нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Колцов играше за Белорусија на Олимписките игри во 2002 и 2010 година и помина три сезони со хокеј тимот Питсбург пингвинс во НХЛ од 2002 до 2006 година.