Шокантен инцидент се случил во центарот на Нови Пазар доцна синоќа кога полицаец се здобил со тешки телесни повреди откако бил нападнат од малолетник.
Напаѓачот употребил остар предмет и на полицаецот му нанел три убодни рани, меѓу кои во двете нозе и во тестисите, па поради опасност од повредите, бил потребна итна медицинска интервенција.
Полицијата ефикасно реагирала, брзо го идентификувала и привела малолетниот осомничен.