Нетанјаху ги одобри оперативните планови за офанзивата во Рафах

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги одобри оперативните планови за офанзива на Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, соопшти неговиот кабинет.

Израел соопшти дека Рафах, дом на четири баталјони на Хамас, останува последното големо упориште на Хамас во Појасот, по израелската воена операција во северниот и централниот дел на палестинската енклава.

Кабинетот на Нетанјаху наведува дека офанзивата на Рафа е неопходна за да се постигнат воените цели и дека прашањето не е „дали“ ќе има офанзива, туку „кога“.

Планот наиде на меѓународна критика, вклучително и од САД и Египет, бидејќи Рафа е дом на повеќе од милион раселени Палестинци од Појасот Газа, но Израел вели дека прави планови за евакуација и заштита на цивилите за време на офанзивата.

Во исто време, Нетанјаху ги нарече „апсурдни“ планот на Хамас за прекин на огнот, ослободувањето на заложниците од Газа и ослободувањето на палестинските затвореници од израелските затвори.