Две млади момчиња загинаа во страшна сообраќајка во Србија

Две млади момчиња родени 2000 и 2001 година загинаа во сообраќајна несреќа во Горњи Милановац (Србија) во која учествуваа две возила. Момчињата загинаа во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 01:40 часот.

Несреќата се случила на крстосницата Курсулина и Улица Милоша Велики во Горњи Милановац.

Како што е потврдено, во несреќата во која учествувале две возила, на лице место загинале двете момчиња.

До несреќата дошло поради непочитување на задолжителниот знак стоп и несоодветна брзина.

Еден возач бил запрен поради пребрзо возење.