Вооружен грабеж во банка во скопски Илинден

Вооружен грабеж утринава се случил во банкарска експозитура во скопската населба Илинден, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Напаѓачот, како што соопшти МВР, влегол во банката и со закана со огнено оружје зел пари од вработените.

Настанот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје во 10:26 часот, а во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според очевидци, грабежот се случил во експозитура на Халк банка, а напаѓачот побегнал од местото.