Три лица загинале, а дванаесет биле ранети во синоќешното руско бомбардирање на Селидово, во близина на Доњецк во источна Украина, соопштија локалните власти.
Во нападот биле погодени девет станбени згради и болница лоцирана на дваесетина километри западно од бојното поле, соопшти градскиот совет на Телеграм.
Меѓу загинатите има и едно дете, а меѓу ранетите има четири деца, информираат тие.
Според гувернерот на регионот Доњецк, Вадим Филашкин, првиот напад се случил околу 23:30 часот, а вториот околу 1 часот по полноќ.
Околу сто пациенти од погодената болница се евакуирани во болниците во Покровск и Мирноград, додаде тој на Телеграм.