Видео од врсничко насилство кое се случило пред два дена во главниот град масовно се споделува на социјалните мрежи. Тоа ги вознемири скопјани, а свој коментар даде и инфлуенсерката Миа Костова.
Костова дава ироничен коментар велејќи дека „многу примерно“ од девојчињата.
Многу примерно и многу зборува за вашите дома, мајмунки едни! Баш чекам ако има некој близок до девојчињава да ми јави кога ќе има соодветна разврска на случајот и дали во најмала рака мангупките што тепаат ќе добијат соодветен укор како испис или паѓање година? Ништо помалку не е прифатливо. А да, и една озбилна парична казна за родителот да мора кредит да крене, вели Миа Костова.
Костова се надоврзува на коментарот на Златкова.
Каква грозна слика на нашата младина. Жално што на целиот настан останатите гледаат, се потсмеваат и ги поттикнуваат да се тепаат, наместо да ги спречат. Тоа е доказ колку не се свесни дека ова не е игра и за снимање видеа за по интернет, туку е насилство кое може фатално да заврши, пишува Анита Златкова на чиј коментар се надоврзува Костова.
Во продолжение може да видите врсничко насилство кое ги вознемири скопјани.
View this post on Instagram