Грозоморно убиство во Србија: Претепан и фрлен во бунар, најден на имотот на бившиот маж на жена со која контактирал

Грозоморно убиство ја тресе Србија, овојпат во местото Тутин. Имено, настрадал несреќниот Нусрет, мислејќи дека оди на средба со својата партнерка.

Сепак, се покажало дека пораката ја испратил нејзиниот поранешен маж, со цел да го намами да дојде на средба. Притоа, го начекале тројца мажи и го претепале.

Мештаните на Тутин се сомневаат дека дури и жената е вмешана и дека таа намерно го дала својот телефон, за Нусрет да мисли дека ќе се сретне со неа.

Телото на несреќниот Нусрет е пронајдено во бунарот во дворот кај осомничениот за убиство. Во меѓувреме, тој успеал да побегне во Германија, без никој да забележи деа нешто се случило.

Починатот исчезнал во четвртокот и оттогаш по него се водеше потрага. Смртоносниот удар бил нанесен во главата, по што веројатно сторителите го фрлиле во бунар во обид да го прикријат злосторството.