Вчера беше покрената инцијатива за разрешување на лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, која ја најави неговиот политички опонент Зијадин Села кој свика централно собрание.
Села најави и одржување на партиски конгрес кој треба да се оджи на 18 февруари, а на кој ќе се гласа за разрешување на Таравари.
Расколот во Алијанса започна по одлуката на Таравари за опозициско престројување, додека крилото на Села останува дел од владеачкиот фронт.