Џеф Безос продаде околу 12 милиони акции од Амазон
Основачот на Амазон и моментално втор најбогат човек во светот, Џеф Безос, на крајот од неделата објаи дека продаде околу 12 милиони акции од компанијата „облак“ за околу две милијарди долари. Ова се случи набргу откако тој го објави својот план да ги продаде своите акции.
Продажбата се случила во средата и четвртокот, според најновиот годишен извештај на компанијата, пренесува Ројтерс.
Минатата недела Амазон објави дека Безос ќе продаде до 50 милиони акции во компанијата.
Планот за продажба, кој подлежи на одредени услови, е одобрен на 8 ноември 2023 година и ќе биде завршен до 31 јануари 2025 година, се додава во документите на компанијата.
За потсетување, Безос, кој се повлече од функцијата извршен директор на компанијата и ја презеде функцијата извршен претседател во 2021 година, го основа Амазон како онлајн продавач на книги во 1994 година.
Безос моментално има нето богатство од 200 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг.