Дарко Чурлинов се враќа во Шалке 04

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов кариерата ќе ја продолжи во редовите на Шалке 04, каде што ќе настапува како позајмен од редовите на Барнли. Во таборот на англискиот премиерлигаш Чурлинов не доби вистинска шанса, имаше и здравствени проблеми, а сега е во потрага по минутажа.

Кам-бекот во Шалке може да биде идеален за 23-годишниот крилен фудбалер. Токму во Гелзенкирхен, Чурлинов ги мина можеби најдобрите денови од кариерата. За една сезона во Шалке тогаш одигра 23 натпревари, беше еден од носителите на играта и му помогна на тимот да се врати во Бундеслигата. Сега, Шалке пак е во Цвајте и тоа во лоша позиција да се бори да се одлепи од зоната за опстанок.

Според германските медиуми, Чурлинов се враќа во Шалке на позајмица до крајот на сезоната, а тогаш Шалке ќе има опција да го откупи за 2,5 милиони евра. Инаку, Македонецот има активен договор со Барнли до 2026 година. Инаку, во кариерата македонското крило како сениор настапуваше уште за Келн и Штутгарт, откако многу млад замина во Германија од Вардар.

Чурлинов веќе пристигна во Германија за да ги исполни медицинските тестови, а потоа во текот на денот се очекува да парафира договор со Шалке.