Стојановски: Утре превоз ќе има од 4.30 до 9 часот, потоа автобуси нема да има

Стојановски од Синдикатот на ЈСП рече дека утре превоз ќе има од 4.30 до 9 часот, потоа автобуси нема да има.

Во моментов заврши состанокот што го одржува Синдикот на ЈСП, кој носи конечна одлука дали автобусите во главниот град ќе останат во гаражите.

По 9 часот автобусите се повлекуваат во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров.

Миќо Стојновски за Канал 5 рече дека во 9 часот сите автобуси се повлекуваат во базите, а во 10.30 часот сите вработени ќе бидат пред седиштето на Град Скопје.

Сите следни одлуки ќе бидат донесени по оваа седница.