Рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“, Ѓорѓе Николиќ, попознат како Ѓорѓе Давид, бил дел од сообраќајната несреќа синоќа на граничниот премин Куманово – Табановце. Во сообраќајката учествуваа три возила при што загина едно лице, а повеќемина се повредени.
Според пишувањата на српските медиуми, ЃорЃе Давид управувал со едното од возилата, има сомнеж дека и тој е меѓу повредените.
45-годишна жена која беше сопатничка во еден од автомобилите го загуби живтот, а четворица се повредени според официјалната информација од МВР.
Српсиот Информер пренесува и фотографии од лице место добиени од извор кој исто така бил дел од несреќата.