„Те сакам сине“: Емотивна порака од Клиниката во Белград го солидаризираше Балканот

Фотографијата ја сподели докторот Владимир Ѓуриќ кој напиша дека ништо повеќе не восхитува на оваа планета од креативноста на луѓето кои имаат мака.

„На магијата на луѓето кои имаат „свое зошто“ и кои можат да го издржат „било кое како“. Дури и да најдат начин за да го осмислат својот живот, да го обојат и разубават…колку и тоа да е можно. Одамна знам дека поголеми херои нема“, напиша тој под фотографијата.

Стотици коментари под објавата велат дека станува збор за емотивна фотографија и додаваат дека ние, родителите имаме обврска да направиме се, за да внесеме радост и да го разубавиме животот на дечињата, особено кога тие се борат со сериозни предизвици во животот.