Иконата со Сталин отстранета од најголемата црква во Грузија

Иконата која го прикажува Јосиф Сталин како среќава руски православен светец е отстранета од главната црква во Грузија. Грузиската црква кажа дека сликата била однесена за да се поправи зашто немало докази дека двајцата некогаш се сретнале.

Иконата неодамна беше испрскана со сина боја во знак на протест. Иако овој чин беше осуден од црковните лидери и владејачката партија, Грузиската патријаршија соопшти дека иконите треба да прикажуваат вистински приказни, па сликата со Сталин треба да биде изменета.

„Ги повикавме донаторите на иконата сами да ја поправат, ако не, ние ќе го направиме тоа“, соопшти црквата.

Многумина Грузијци ја критикуваа црквата што ја прифати иконата, бидејќи Сталин спровел масовни чистки додека бил на власт. Тој бил роден Грузиец и како млад се обучувал за свештеник.

Иконата, која беше изложена во храмот на Светото Тројство во Тбилиси, прикажува сцена од животот на Света Матрона, руска визионерка и исцелителка од 20. век, која беше канонизирана во 1990-тите. Таа беше донирана пред неколку месеци од националистичката партија Алијанса на патриоти, за која се вели дека има врски со Кремљ.