Протест пред резиденцијата на Нетанјаху, интервенираше војската
Неколку десетици демонстранти кои заедно со роднините на заложниците кои ги држи Хамас во Газа од петокот протестираат пред резиденцијата на Нетанјаху беа истуркани од пред домот на израелскиот премиерот во Цезареја од страна на израелската војска.
Демонстрантите во соопштението рекоа дека откако ја молеле владата 105 дена да покаже лидерство, сега семејствата бараат храбри чекори за ослободување на повеќе од 100 преостанати заробеници.
Во Газа, жителите пријавија силно бомбардирање и борби меѓу палестинските милитанти и израелските трупи околу јужниот град Кан Јунис и урбаниот бегалски камп Џабалија на северот на територијата.
Нетанјаху е под притисок да ја смири својата десничарска владина коалиција со интензивирање на војната. Тој, исто така, се соочува со зголемени повици за воздржаност од САД и од семејствата на заложниците.