Дали внесувањето на Бугарите како нација во Уставот на Република Македонија се зголемува опасноста од поголеми аспирации на нашиот сосед?
Поранешниот министер за финансии укажува дека оваа одлука може да води кон поголема бугаризација на Македонците во земајва. Сепак, тој посочува дека е енигма дали планот ќе им успее.
– Со Бугарите во уставот, Бугарија сака да го почне процесот на бугаризација на Македонците во Македонија. Дали во тоа ќе успее и колку тој процес ќе трае, никој не знае – напиша Хајредини на неговиот фејсбук профил.