Косово отвора специјална мисија во Ватикан

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска соопшти дека донела указ за отворање на Специјалната мисија на Косово во Светата столица во Ватикан.

Османи на социјалната мрежа Икс изјави дека официјалниот указ за отворање на мисијата дошол по две години заеднички напори со раководството на Ватикан и оцени дека тоа е ново поглавје во односите меѓу двете страни.

„Чест ми е официјално да го објавам отворањето на Специјалната мисија на Косово на Светата столица, по две години интензивни напори, заедно со раководството на Светата столица. Ова е важна пресвртница за Косово и ново поглавје во односите меѓу Косово и Светата столица за кои се залагаме да ги продлабочиме“, изјави Османи.

Ватикан, инаку, не ја признава прогласената независност на Косово.