Хрватите им одржаа лекција на Шпанците на Европското првенство во ракомет

Високата победа на хрватските ракометари против моќните Шпанци (39:29) на отворањето на Европското првенство гласно одекна во ракометниот свет.

Речиси сите очекуваа да биде игра во еден правец, Шпанците ја имаа улогата на големи фаворити, но беа целосно немоќни против хрватските ракометари кои доминираа на теренот од првата до последната минута.

„Прво големо изненадување на ЕП: Хрватска ја декласираше Шпанија во Манхајм“, пишува специјализираниот портал Handball World, кој во првите зборови од текстот се осврна на одличната атмосфера во салата, која ја приредија хрватските навивачи:

„Уште пред почетокот на натпреварот владееше одлична атмосфера во распродадената САП Арена. Енергијата на навивачите како да ја инспирираше Хрватска уште од првата минута од натпреварот“.

Исто така, во друг текст, специјализираниот портал додава дека Хрватска ја растури фаворизираната Шпанија, а го истакнува и неверојатниот факт што шпанските голмани ја забележале првата одбрана дури во 55. минута од натпреварот:

„Реализацијата на хрватските ракометари секогаш беше околу 90 проценти, а подоцна и повеќе, секој напад го изведуваа насилно и доследно“.

Тоа не беше крајот на пофалбите за хрватските ракометари, Балкан Хендбол пишува дека „Кроација експрес ја совлада Шпанија. Можеби не се каубојци, но јаваа силно – ваква Хрватска одамна не е видена“.

Исто така, во текстот додаваат дека ова е еден од најдобрите, ако не и најдобри настапи на хрватската ракометна репрезентација во последните десет години:

„Хрватска ја понижи Шпанија и најави огромен потенцијал на ЕХФ Евро 2024“.

Во продолжение Balkan Handball подготви уште еден прилог во кој детално објаснија зошто победата на Хрватска против Шпанија е за анали. Тие го детализираа секој рекорд соборен на сензационалниот меч во Манхајм.

Поранешниот светски првак Хрватска со голем извичник го започна Европското ракометно првенство во Германија. Тимот предводен од ѕвездата на Кил – Домагој Дувњак убедливо го совлада двократниот шампион Шпанија“, пишува германски Спорт1.